ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Грција оди на предвремени парламентарни избори

Можни предвремени парламентарни избори во земјата најави грчкиот премиер и лидер на СИРИЗА Алексис Ципрас откако неговата партија загуби на европските и на локалните избори одржани вчера. По вториот круг на изборите за локална власт на 2 јуни, Ципрас ќе се сретне со претседателот Прокопис Павлопулос од кој ќе побара да распише предвремени парламентарни избори, а кои би се одржале на 30 јуни. Владата се соочуваше со тешкотии без преседан овие четири години, рече премиерот Ципрас, додавајќи дека успеале да ја стават економијата на нозе и да ја извадат земјата од мрачното минато.

Иако изборниот резултат ја зацврсти позицијата на СИРИЗА како лидер во политиката, тој не ги исполни нашите очекувања. Нема да го игнорирам овој резултат, никогаш тоа не го правев и нема да го правам. Грците ќе одлучат што ќе се случи следно“. – изјави Алексис Ципрас – премиер и лидер на СИРИЗА.

Од друга страна, лидерот на опозициската Нова демократија Кирјакос Мицотакис рече дека резултатите потврдуваат дека граѓаните бараат политички промени. Тој им се заблагодари на гласачите на довербата и додаде дека јасно кажаа дека се против владините политики.

По четири години, Грција се врати на избирачките места и прати јасна порака. Нова демократија сега е прва и зајакната политичка сила во земјата. Граѓаните бараат политички промени, а тие веќе почнаа. Стојам пред Вас со целосна одговорност за ветувањата дека напорно ќе работам за да го променам правецот во кој се движи земјата“. – изјавк Кирјакос Мицотакис – лидер на Нова демократија.

СИРИЗА по преброените гласачки ливчиња, загуби над 400 илјади гласови низ цела Грција, а Нова демократија доби нешто помалку од половина милион гласови повеќе од владејачката СИРИЗА. Грчката владејачка партија претрпе пораз во целата земја, особено во северниот дел, каде што беа најгласни реакциите против Договорот за името. Според коментарите во грчките медиуми, со ваквите резултати СИРИЗА ја плати цената токму со потпишувањето на Преспанскиот договор.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.