Грција до четврток ќе треба да даде „амин“ на договорот
Комисијата за национална одбрана и надворешни работи во грчкиот Парламент денеска во 10.30 часот по локално време ја продолжува расправата за нацрт законот според кој се ратификува и стапува во сила Договорот од Преспа, јави дописничката на МИА од Атина.
Претседателот на грчкиот парламент, Никос Вуцис, одлучи дека дебатата за Преспанскиот договор со кој ќе се стави крај на 27-годишниот спор околу името со Македонија ќе трае четири дена.
Претседателот на грчкиот Парламент, Никос Вуцис ече дека ќе има доволно време за сите пратеници да ги изразат нивните ставови, бидејќи пленарната седница може да трае минимум 28 часа
Ве молиме следете не и стискајте лајк: