ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Груби: Ги симнавме маските само кога се фотографиравме ГАЛЕРИЈА

Првиот вицепремиер и министер за политички систем Артан Груби во изјава за Плусинфо вели дека при вчерашното одбележување на роденденот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети во просториите на Министерството за политички систем ги почитувале протоколите за заштита од ковид-19.

По бурните реакции откако на социјалните мрежи шефот на дипломатијата Бујар Османи, сподели фотографија на која функционери на ДУИ слават роденден на лидерот без маски, Груби преку фотографии демонстрира дека функционерите носеле заштитни маски. Тој додава дека маските ги симнале само за да се фотографираат.

– Настанот беше планиран да се организира на првиот работен ден во новата година и секако според протоколите. Сликата објавена од Османи беше само еден момент за заедничка фотографија при мало изненадување што колега го приреди за г.Ахмети, слично како и минатата година во Собранието, искористувајќи го неговото присуство во Скопје. Протоколите првенственоп ги почитуваме за нашето лично здравје, за нашите семејства, како и за граѓаните – вели Груби.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.