ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Груби: Владата го усвои планот за распределба на административните службеници

Владата денеска на својата 40-та седница го усвои планот за распределување на административните службеници вработени преку програмата К5, соопшти канцеларијата на првиот вицепртемиер, Артан Груби..

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците,Артан Груби вели дека новите решенија за работа ќе бидат доделени до административните службеници во наредните денови.

Груби вели дека Министерството за финансии веќе имам дадено согласност за планот за систематизација на административните службеници, додека Министерството за информатичко општество и администрација е задолжено во рок од 7 (седум) дена од приемот на актите за систематизација на овие административни службеници, во рамките на нејзините надлежности да ја заврши постапката за согласност за работните места каде што ќе бидат сместени овие административни службеници.

Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците е должно во рок од 15 дена по усвојувањето на Планот, да изготви индивидуални одлуки за секој административен службеник што ќе биде систематизиран во органите на државната администрација.

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците,

Артан Груби вели дека органите на државната администрација се должни на административните службеници кои ќе ги прифатат во нивните институции, да им овозможат стручна обука со цел да ги подобрат нивните знаења и вештини.

Според Груби, се задолжува Агенцијата за вработување врз основа на решението за распоредување да направи одјава на административните службеници од Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците и истите да ги пријави во нивните нови работни места.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.