„Громовник“ ја одложи Мандатно имунитетната комисија!?
![](https://edo.com.mk/wp-content/uploads/2019/05/pavle-1.jpg)
За мандатот на екс-премиерот Никола Груевски ќе се расправа идната недела.
![](https://kanal5.com.mk/uploads/thumbs/resize/800x420/376515.jpg)
Пратенички извори за Канал 5 откриваат дека седницата ќе биде закажана веднаш по завршувањето на комисиите што ги работат реформите во безбедноста, закажани за утре, а на кои претседавачот со мандатно имунитетната комисија Павле Богоевски им дава предност, поради нивната важност.
Седницата најверојатно ќе ја води Богоевски, не но се исклучува можноста со неа да претседава и заменичката Снежана Калеска Ванчева, поради скандалот на пратеникот со нелегалната нарачка на масло од канабис.
Богоевски и денеска не сакаше да го кометира случајот, откако ја потврди автентичноста на аудио снимката и побара да му биде направен нарко тест.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, пак, не се откажува од барањето Богоевски да си поднесе оставка. Симболично од подмалдокот на партијата пред Собранието оставија килограм брашно за пратеникот.
Во меѓувреме, МВР и Скопско обвинитество истражуваат кој е „Илија Громовник“, псевдномиот кој стои зад корисникот на новоотворениот профил на руските социјални мрежи, со локација во Будимпешта.
Од обвинителство не ја исклучуваат можноста помош за откривање на објавувачот на „бомбите“ да побараат и од Интерпол, доколку тоа е потребно. Ден по објавувањето на снимаката, Богоевски ирази сомнеж дека била инспирирана токму од претстојната комисиска расправа за одземање на мандатот на пратеникот и екс –премеир Никола Груевски.