ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Гренел: Нема „мини Шенген“ без Косово

epa07282788 US ambassador to Germany Richard Allen Grenell attends the New Year's reception of the German federal President for the Diplomatic Corps at the Bellevue Palace, the German presidents' official residence, in Berlin, Germany, 14 January 2019. EPA-EFE/ALEXANDER BECHER

Ричард Гренел, пратеникот на американскиот претседател, Доналд Трамп, за разговорите меѓу Белград и Приштина, ја поздрави иницијативата „балкански Шенген“, истакнувајќи дека таа иницијатива би можела да биде успешна ако ги вклучи сите од регионот, па и Косово, пренесува „Спутник“.

„Ја поздравуваме иницијативата за ‘мини Шенген’ на Западен Балкан како начин да се придвижи слободното движење на луѓето и стоките. Веруваме дека таа иницијатива, за да биде успешна, мора да ги вклучи сите во регионот, вклучувајќи го и Косово. Администацијата на Трамп е насочена на помош на целиот регион во создавањето економски можности и работни места за младите“, се наведува во соопштението на Амбасадата на САД во Белград.

Во Охрид неодамна се одржа состанок на македонскиот премиер Зоран Заев, албанскиот премиер Еди Рама и српскиот претседател Александар Вучиќ, на кој беа поканети и претставници на Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина. Првата средба на споменатата тројка се одржа на 10. октомври во Нови Сад.

Косово го одби учеството на средбата, опишувајќи ја иницијативата како обид за ново создавање на Југославија, додека Црна Гора беше воздржана. Косовскиот претседател, Хшим Тачи, посочи дека Косово не сака да ја замени евроатлантската иднина со ниедна регионална иницијатива.

Лидерот на косовското двжиење „Самоопределување“, Албин Курти, кој е кандидат за косовски премиер, изјави дека е направена грешка во чекори во врска со регионалната иницијатива зашто Албанија морала да го почека формирањето на нова влада на Косово пред каква било иницијатива.

Албанскиот премиер, Еди Рама, го критикуваше Косово поради самоизолација, нагласувајќи дека иницијативата има за цел само слободно движење на луѓето во Западен Балкан.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.