Голема полициска акција во Словенија, запленето 300 килограми дрога
Деветмина Словенци поврзани со меѓународна трговија со дрога синоќа се уапсени во голема полициска акција во Љубљана. Запленети се 230 килограми кокаин, два килограми хероин, 43 килограми смола од канабис, четири приватни возила со посебно прилагоден простор за криумчарење дрога и голема количина пари.
Како што наведуваат локалните медиуми, дрогата била наменета за меѓународниот пазар, а криминалната група дејствувала на просторите на Балканот и дел од земјите на ЕУ.
Сите приведени се државјани на Словенија, освен еден од нив кој имал двојно државјанство.
Ве молиме следете не и стискајте лајк: