Kурти за Макрон: Европа е многу важна, не може да ја води еден човек
“Европската Унија е формирана како одговор на фашизмот, но сега таа е исплашена од лицето на популизмот и фашизмот“, вели Албин Курти, победникот на последните предвремени парламентарни избори во Косово во интервју за британскиот „The Guardian“, во врска со одлуката на ЕУ да не ги отвори преговорите со Албанија и Северна Македонија.
Курти истакна дека оваа одлука ги намалува шансите за постигнување договор меѓу Косово и Србија.
Критикувајќи го претседателот на Франција, Емануел Макрон, Курти рече: „Не можете да кажете дека прво се потребни внатрешни реформи во ЕУ, а потоа процесот на проширувањето – тие одат паралелно. Европа е толку битен историски проект што ниту една личност не може да биде нејзин автор или водач. Видовме кога Жан-Клод Јункер рече дека нема да има проширување во наредните пет години, ситуацијата на Балканот се влоши.