ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Гневот на Трамп: Ќе останат ли Американците без социјални мрежи?

Претседателот на САД Доналд Трамп се закани дека ќе ја забрани работата на социјалните мрежи доколку ги цензурираат контроверзните објави, откако Твитер во вторникот означи негови постови како „дезинформации“.

Републиканците сметаат дека социјалните мрежи сакаат целосно да го стишат гласот на конзервативците“, го почна Трамп својот пост.

„Попрво посилно ќе ги регулираме или затвориме, отколку некогаш да дозволиме тоа да се случи. Видовме што неуспешно се обидоа да направат во 2016 година. Не смееме да дозволиме повторно да се случи пософистицирана верзија на тоа“, кажа тој.

Твитер е инаку под притисок да преземе нешто против Трамп и неговите неодамнешни објави во кои, без какви било докази, шири теории на заговор за тоа дека телевизискиот водител Џо Скарборо бил вмешан во мистериозната смрт на Лори Клауситис во 2001 година, пишува Бизнис инсајдер.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.