ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Глобална битка за вакцинација

Европската унија го запре извозот на антиковид вакцините од Британија во Северна Ирска. Ваквиот потег предизвика студена војна и голем револт по што Брисел експресно ја повлече одлуката. Но нетрпеливоста помеѓу двете страни и понатаму расте.

“Ова е исклучително непријателски и агресивен потег на ЕУ. Се обидуваат да го запрат снабдувањето со вакцини кои спасуваат животи во Обединетото Кралство. Со години ни говорат дека на Ирскиот остров не смее да има граница, која сега самите ја воведоа со еден потег, изјави премиерката на Северна Ирска Арлин Фостер.

Портпаролот на британската влада пак изјави дека Британија е загрижена затоа што не била информирана за постапките.

Хаосот на ирската граница ги наведе либералните медиуми да пишуваат  дека ЕУ во обид да се избори со недостигот на вакцини во своите редови, прави се да ги убеди Британците дека Брегзит е сјајна идеја.

Во Британија досега е вакцинирано околу 10 отсто од населението и тоа највозрасното. Земјата бележи најголем број на починати од вирусот во Европа и тоа 105.571 лице.

Додека некои земји меѓу кои и Македонија уште ги чекаат првите дози на анти ковид вакцини, Германија нарачува вакцини за 2022. Германскиот министер за здравство соопшти дека земјата прави нарачки за следната година во случај да има потреба од повеќе дози за имунизација против Ковид-19. Додава дека никој не знае дали на Германија ќе и бидат потребни дополнителни количини.

“Кога производните капацитети ќе се прошират, ќе нарачаме вакцини како мерка на претпазливост. Ако не ни бидат потребни во ред, ама ако ни притребаат ќе ни бидат достапни во секој момент, изјави Шпан. Околу 2,3 милиони граѓани од 83 милиони ја примија првата доза на вакцината во Германија.

Франција ги затвори границите за сите патници кои не се од ЕУ. Граѓаните на земјите-членки пак мора да имаат негативен тест за Ковид-19 за влез во земјата. Ќе се затворат и големите трговски центри, а полициските патроли ќе се погрижат сите да се придржуваат до полицискиот час, кој започнува во 18 часот.

Сепак, Макрон ја суспендираше одлуката за воведување дневен карантин, нагласувајќи дека тој прво сака да види дали другите мерки што се во сила ќе бидат доволни за да се забави ширењето на коронавирусот.

Во Грција месецов се вакцинирани 270.000 лица иако се очекуваше најмногу 200.000 да ја примат вакцината. Планот е од утре до крајот на февруари за се вакцинираат три пати повеќе граѓани изјави министерот за здравство Василис Кикилас. Тој нагласи дека февруари ќе биде тежок месец бидејќи се јавуваат најмногу инфекции и вируси.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.