ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Германските власти : Се сомневаме во руската вакцина

Германското Министерство за здравство изрази сомнеж во „квалитетот, ефикасноста и безбедноста“ на вакцината против ковид – 19, што ја објави рускиот претседател Владимир Путин.

„Нема познати податоци за квалитетотот, ефикасноста и безбедноста на руската вакцина“, изјави неименуван портпарол на германското министерство, додавајќи дека „безбедноста на пациентите е еден од приоритетите“ во Европската Унија (ЕУ).

Рускиот претседател Владимир Путин објави дека првата вакцина во светот против ковид 19 е регистрирана денес во Русија.

Сепак, Русија сè уште не објавила детали за резултатите од тестот за вакцинирање за да ја потврди нејзината ефикасност.

Светската здравствена организација (СЗО) денеска претпазливо реагираше на вестите од Русија дека е произведена вакцина против коронавирус, потсетувајќи дека се неопходни строги процедури за одобрување на каква било вакцина.

„Ние сме во близок контакт со Русите и разговорите продолжуваат. Предквалификацијата на секоја вакцина мора да помине низ строги процедури“, изјави портпаролот на СЗО, Тарик Јашаревиќ, пред новинарите кога го прашаа за вестите од Русија за „првата вакцина“ против коронавирусот.

Портпаролот изјави дека претквалификацијата вклучува преглед и проценка на сите потребни податоци за безбедноста и ефикасноста на вакцината, собрани во клиничките испитувања. Јашаревиќ додаде дека постапката е иста за „секој кандидат за вакцина“.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.