Германската влада: Навални мора да има лично обезбедување
Водачот на руската опозиција, Алексеј Навални, мора да има лично обезбедување затоа што постои можност тој да бил цел на напад со смртоносен отров.
Тоа го изјави претставникот на германската влада Штефен Зајберт.
Алексеј Навални, долгогодишен противник на рускиот претседател Владимир Путин, одеднаш се разболе минатиот четврток, пренесува „Ројтерс“.
Неговите соработници веруваат дека тој бил отруен поради што е пренесен во Германија на понатамошно лекување.
Ве молиме следете не и стискајте лајк: