ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Германија ќе испрати тенкови Леопард 2 во Украина и ќе им дозволи на другите земји што ги имаат да го сторат истото, соопшти канцеларот Олаф Шолц на седницата на владата.

И Американските власти вчера потврдија дека Вашингтон е подготвен да испрати десетици свои борбени тенкови М1 Абрамс во Украина, што е пресврт на претходната позиција на САД и на Германија. Границите не може да се поместуваат со сила, рече канцеларот Шолц во обрачањето.

„Воената агресија на Русија е империјалистичка војна. Русија започна страшна бомбардирање за да ја помести својата граница. Ние ја отфрламе оваа империјалистичка идеја и затоа ја поддржуваме Украина.“- -Олаф Шолц, Канцелар на Германија.

Киев со месеци бара западни тенкови, за кои вели дека се неопходни за пробивање на руските одбранбени линии и ослободување на окупираните територии. Украинскиот претседател уште еднаш ги потсети западните сојузници дека на Украина и е потребно многу повеќе оружје.

„За модерните тенкови, кои што ни се неопходни да го надоместиме дефицитот, многу напори, зборови и ветувања. Но, најважно е да ја согледаме реалноста, не станува збор за 5 или 10 или 15 тенкови. Ни требаат многу повеќе.“- -Володимир Зеленски, Претседател на Украина.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ја поздрави одлуката на Германија да ги испрати своите тенкови Леопард 2, велејќи дека ќе и помогнат на Украина да победи во војната.

На одлуката на САД и Германија, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека потенцијалните испораки на тенковите ќе бидат само губење пари и ќе изгорат како и останатите.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.