ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Германија го запре одобрувањето на Норд Стрим 2

Германското енергетско регулаторно тело го суспендираше процесот на одобрување на гасоводот Норд Стрим 2, кој треба да пренесува природен гас од Русија до Германија.

Според одлуката, компанијата треба да работи во согласност со германските закони пред да добие одобрување за гасоводот, инвестиција вредна повеќе од 10 милијарди евра.

Заради германската одлука, цената на гасот на големо во Обединетото Кралство и Европа , се искачи на највисокото ниво во последните 3 недели.

Критичарите стравуваат дека овој гасовод само ќе ја зголеми европската зависност од Русија.

Газпром претходно најави дека гасоводот е готов уште во Септември, но потоа следуваа одложувањата.

Гасоводот Норд Стрим 2, долг 1 225 км,  изграден под Балтичкото море, двојно ќе го зголеми извозот на рускиот гас во Германија, но ќе ја заобиколи и Украина, која од постоечкиот гасовод кој минува низ нејзината територија заработува сериозни финансиски средства.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.