Гералд Кнаус: Бугарија го уништува кредибилитетот на ЕУ на Балканот
По изјавата на Захариева дека Софија нема да стави вето ако Македонија ги признае бугарските корени на Твитер се огласи Гералд Кнаус од Европската иницијатива за стабилност, и еден од највлијателните лобисти на ЕУ проширувањето
Кнаус ја обвини Бугарија дека го уништува кредибилитетот на унијата на Балканот со најавата за блокада на почетокот на преговорите на Македонија ..
Според Кнаус, барањето на Софија и на министерката за надворешни работи Екатерина Захариева Скопје да признае дека македонскиот народ и македонскиот јазик имаат бугарски корени е апсурдно.
„Замислете Германија да инсистира Австрија да ги признае германските корени’, заканувајќи се со ‘тензии’ ако не го направи тоа. Шведска да Ѝ го прави тоа на Норвешка. Чесите ова да им го кажат на Словаците. Апсурдно? Да! Тоа е она што го прави Бугарија, уривајќи го кредибилитетот на политиките на ЕУ за Балканот“, напиша Кнаус на Твитер.
По изјавата на Захариева никој од државниот врв засега не се огласи, иако Заев и Пендаровски пред неколку дена , изјавија дека за индетитетот ниту ке преговараат ниту ќе прават компромиси…