ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Гардијан за протестите во БиХ: На граѓаните им е преку глава од корупцијата

За протестите во Бања Лука пишува и британски Гардијан, кој јавува дека демонстрантите бараат оставка од министерот за внатрешни работи на Република Српска, Драган Лукач, по смртта на младиот Давид Драгичевиќ

Британскиот весник пишува дека илјадниците демонстранти на главниот плоштад на Бања Лука секој ден ги обвинуваат полицијата и Лукач за прикривање на вистината за смртта на Давид.

„Во текот на деветте месеци откако Давид Драгичевиќ беше пронајден мртов во поток во Бања Лука, откако беше исчезнат шест дена, неговиот татко Давор Драгичевиќ секој ден протестира на главниот градски плоштад барајќи ја вистината.

Неговата борба се разви во голем протест на граѓаните на кои им е преку глава од корупцијата и она што го нарекуваат слабо владеење на правото во Босна. Помали протести на солидарност беа одржани во Хрватска и во Србија минатата недела“, пишува Гардијан.

Се истакнува и дека демонстрантите најавија блокирање на вечерашниве концерти за пречекот на Новата година, а се пренесува и изјавата на Милорад Додик, српскиот член на Претседателството на БиХ:

„Улицата нема да ги крои политичките одлуки во Република Српска“, кажа Додик.

Се додава, сепак, дека на демонстрантите им се придружуваат и опозициски политичари, но не во функција на политичари туку како граѓани.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.