ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

„ГАЗПРОМ“ ЌЕ ПУШТАТ ГАС ЗА ЕУ УТРЕ? Испораките треба да продолжат според планираното

Испораките треба да продолжат според планираното, изјави еден од изворите за Ројтерс. Тие би требало да продолжат утре, во сабота, во 1 часот по Гринич.

Рускиот енергетски гигант „Газпром“ е подготвен да го рестартира снабдувањето со гас преку гасоводот Северен тек 1 до Германија во сабота, по тридневен прекин за одржување, изјавија два извори запознаени со плановите на „Газпром“ за Ројтерс.

Гасоводот Северен тек 1, кој минува под Балтичкото Море за да ја снабдува Германија и другите европски земји, работеше со капацитет од 20 отсто дури и пред да се прекинат протокот на три дена оваа недела поради одржување. Испораките треба да продолжат во сабота во 1 часот по Гринич.

– Испораките треба да продолжат според планираното – изјави еден од изворите за Ројтерс.

Москва ги обвинува санкциите, воведени од Западот за попречување на рутинските операции и одржувањето на Северен тек 1. Брисел пак, вели дека ова е изговор и дека Русија го користи гасот како економско оружје.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска предупреди дека може да има повеќе прекини во испораките преку Северен тек 1.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.