ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Вучиќ: Со Северна Македонија и Албанија имаме веројатно најдобри односи во историјата

Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ денеска положи заклетва на 11-татa специјална седница на Народното собрание на Република Србија и ја презеде функцијата во својот втор мандат. Tој во својот долг говор се осврнал и на односите со Македонија, како и за иницијативата „Отворен Балкан“.

-Она што го постигнавме во претходниот период ни е многу важно. Благодарение на иницијативата Отворен Балкан, за која сесрдно ќе се залагам и ќе се борам, со Северна Македонија и Албанија имаме веројатно најдобри односи во историјата.

Посебно сакам да се заблагодарам на СПЦ, Неговата Светост Патријарх Порфириј за исклучително мудрите одлуки што ги донесе и со тоа дополнително придонесе за пријателството и братството што го имаме со македонскиот народ. Ова е нешто што ќе го суди историјата, Ваша Светост, а не некој дневен извештај.

Благодарение на вас и благодарение на политиката што ја водевме, денес Србија е најпопуларната земја во Северна Македонија, кај нивното население, денес ги чувствуваме како браќа и немаме никакви проблеми во тие односи и тоа е одлична работа што успеавме да ја направме, изјавил, меѓу другото, Вучиќ во српското собрание.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.