ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Вучиќ сепак ќе оди на самитот во Тирана: Таму ќе се донесат добри одлуки за Србија

„Разговарав со пријатели, претседатели на неколку земји и премиери. Не е во прашање мојата суета, јас немам проблем… Мора да разберете дека десет и пол години се трудам, секој ден, да не искажам ништо емотивно. Понекогаш емоциите едноставно те обземаат и не знаеш како да реагираш и што да правиш…. Тоа е така кога некој со месеци само ти создава кризи, а тие кризи се нешто за кое медиумите само известуваат и јас морам да живеам со тоа. Едноставно ти се случува, јас сум жив човек, емотивно да реагираш. Да повторам уште еднаш – не сум ни будала, ни пијан, ни луд, иако на многумина така им изгледа. За мене е важно да се што кажав е вистина“, изјави Вучиќ

Вучиќ рече дека на Самитот на ЕУ – Западен Балкан ќе се донесат некои добри одлуки за Србија.Изјави дека кога е Косово во прашање, тешко му е да го разбере јазикот на „двете страни“ и дека српската страна ништо не направила.

„ „Не сум сигурен, но дефинитивно ќе има некои придобивки од моето одење во Тирана. Ако не одев, тоа сигурно ќе беше голема загуба за нашата земја. Вака, без разлика што темата е Западен Балкан и што 20 од нив на неадекватен начин ќе почнат да зборуваат за санкциите кон Русија и за проблемот со Косово. Можеби моите соработници се во право кога велат дека е подобро да се чуе барем еден одговор отколку ништо да не се чуе. Значи, утре ќе одам таму“, рече Вучиќ,

Тој рече дека утре ќе се бори за интересите на српскиот народ.Изрази загриженост и за тоа што ќе се случи следната недела на Косово бидејќи, изгледа како некој да предизвикува нешто по команда.

Вучиќ истакна дека во Тирана ќе има посебни билатерални средби со холандскиот и белгискиот премиер.

„Кога разговарате со Холанѓаните и Белгијците, тоа несомнено е од големо значење за нашата земја“, рече Вучиќ.

Додаде дека ќе разговара и со Макрон со кого разменил пораки на оваа тема и со сите останати.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, минатата недела по средбата со еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, изјави дека го информирал како Белград гледа на ситуацијата на Косово и дека е подготвен да ја разгледа одлуката на Србија за учество на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Тирана доколку види дека има смисла, а Вархеји порача дека Србија е потребна на тој самит, како и нејзиниот лидер да седи на масата заедно со сите.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.