Вучиќ свика итен состанок по ескалацијата на односите со Црна Гора
Претседателот на Србија Александар Вучиќ за попладево во 18 часот закажа состанок со премиерката Ана Брнабиќ и министерот за надворешни работи Никола Селаковиќ по ескалацијата на односите со Црна Гора.
поред извор на Блиц, можно е претседателот Вучиќ, без оглед на мерките за реципроцитет, откако Црна Гора го протера српскиот амбасадор, да побара смирување на страстите, не само поради големиот број Срби во таа земја, но и поради положбата на србите во регионот.
Односите на двете земји се нарушија откако најпрво амбасадорот на Србија во Црна Гора, Владимир Божовиќ, беше прогласен за персона нон грата и од него беше побарано да ја напушти Црна Гора, поради наводно мешање во внатрешните работи, а неколку часа подоцна Србија воведе реципрочни мерки и амбасадорот на Црна Гора во Белград, Тарзан Милошевиќ го прогласи за персона нон грата.