ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Вучиќ: Посетата на Лавров во Белград се комплицира

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ низјави дека ситуацијата околу најавената посета на министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров на Белград станува се покомплицирана. Некои медиуми објавија информација дека шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров треба да ја посети Србија на 7 јуни, но се уште нема официјална потврда.

Вучиќ за ТВ Пинк изјави дека не е подготвен да даде повеќе детали.

„Се комплицира, дефинитивно станува искомплицирано, сè уште не сум подготвен да зборувам за тоа, но да – станува комплицирано, прашање е како ќе дојде, ќе видиме“, додаде Вучиќ.

Три дена подоцна, на 10 јуни, во Србија треба да дојде германскиот канцелар Олаф Шолц. На прашањето „дали би било лоша вест“ доколку германскиот канцелар не дојде во Белград, Вучиќ одговори потврдно.

„Секогаш постои можност, но се надевам дека тоа нема да се случи, но ќе видиме, прво ќе видиме дали Лавров ќе дојде и ќе видиме“, рече тој.

Вучиќ денеска присуствува на форумот ГЛОБСЕК 2022 во Братислава, а на панелот „Европската унија и Србија: Стратешко партнерство за иднината“ тој меѓудругото истакна дека Србија е сто проценти зависна од рускиот гас.
Како што рече, има некои земји кои одбиваат да користат руски гас, но тие „само го пренасочуваат гасот и плаќаат посебни даноци кон соседните земји, а сепак користат руски гас“.

Тој меѓудругото посочи и дека 77 отсто од луѓето се против санкциите, дека Србија и помогнала на Украина со повеќе од три милиони евра и испратила медицинска помош.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.