ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Вучиќ: Не одам во Црна Гора (ВИДЕО)

Ќе одговориме со одговорност и пристојност и сила за зачувување на српскиот корпус, не загрозувајќи ја Црна Гора, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ по средбата со патријархот Иринеј.

Вучиќ потсети дека официјално во Црна Гора живеат 29 отсто Срби и нецели 45 отсто Црногорци, осврнувајќи се на „намерата на делата на режимот во Подгорица“.

„Намерата на делата на режимот во Подгорица е во 2021 процентот на Србите да биде помал, со намалување на српскиот корпус да се прогласи држава во која Србите немаат своја конститутивност која ја имаат сите други во опкружувањето“, истакна српскиот претседател.

Тој додаде дека во два наврати разговарал со партијархот на СПЦ Иринеј за сите важни прашања, особено за ситуацијата во регионот и за сѐ она што се случува по усвојувањето на законот за слободата на вероисповедта во Црна Гора, и тоа не затоа што некој има желба да се меша во работите на друга држава, туку затоа што се директно погодени интересите на српскиот народ.

„Има многу кои ќе зборуваат дека тоа во Црна Гора не е само против српскиот народ и дека нема потреба српскиот народ да се издвојува од другите, дека не мора задолжително во изводот да пишува дека сте од српска националност“, кажа Вучиќ.

Тој истакна дека не планира да ја посети Црна Гора, истакнувајќи дека не сака да му дава алиби на црногорскиот режим дека тоа е напад врз независноста и уставниот поредок на таа земја.

„Мислев дека е нормално, вообичаено нешто, а потоа сфатив, според реакциите на некои кабинети во Црна Гора дека мојата приватна постеа, без политички говори, без ништо, само да посетам своја црква… дека тоа не му е по волја на црногорскиот режим“, кажа Вучиќ.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.