ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Вучиќ: Не го сакаме Косово во ОН, и што ќе правите сега? Ќе нè бомбардирате?

Српскиот претседател Александар Вучиќ кажа дека медиумите погрешно пренеле дека Европскиот парламент усвоил резолуција според која Србија мора да се усогласи со надворешната политика на Европската Унија во врска со војната во Украина или ќе ѝ бидат скратени пристапните фондови.

Парламентот на ЕУ во средата усвои препораки пристапните преговори со Србија да напредуваат само ако Белград ги поддржи санкциите против Русија и направи значителен напредок во реформите. Покрај тоа, европарламентарците ја поддржаа и одлуката Србија да може да ги користи фондовите на ЕУ под истите услови.

Вучиќ истакна дека европските пратениците не донеле резолуција, туку препораки. Тој ги осуди медиумите кои пренесоа дека меѓу тие препораки е и таа според која од Србија се бара да го признае Косово.

„Ако барањето на 79 отсто од функционерите на ЕУ парламентот е да ја признаеме независноста на Косово, и дека тоа е најважната препорака, тоа само ги потврдува моите зборови дека ако ѝ воведеме санкции на Русија, утре би нè чукнале по рамо, а веќе задутре би се појавила нова резолуција за потребата за признавање на Косово“, кажа српскиот претседател.

„Тоа што го бараат од нас е многу потешко од воведувањето санкции – бараат од нас меѓусебно признавање. Тоа го крие дел од политичката и медиумската јавност бидејќи на луѓето би им било јасно што функционерите навистина бараат од Србија и тогаш подобро би ја сфатиле позицијата на Србија. Ќе продолжиме да слушаме што ни зборуваат, а одлуките ќе ги носиме со почитување на нашиот народ“, кажа Вучиќ.

Тој за косовските Срби кажа дека нема да се враќаат во институциите додека не биде формирана Заедница на српски општини.

„Ние кажуваме дека не го сакаме Косово во ОН и што сега – ќе не бомбардирате, ќе ни се заканувате со санкции?“, праша Вучиќ.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.