ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Вучиќ: Можеби ќе разговарам со опозицијата, ама без ЕУ

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека е можно да учествува во меѓупартиски дијалог, но со оние партии кои не сакаат тој дијалог да се води под покровителство на Европската унија (ЕУ).

„Можно е да учествувам во разговорот со оние кои не сакаат присуство на европски претставници, бидејќи тогаш се подразбира дека во рамките на Србија одлучуваме какви идни и политички односи сакаме“, рече Вучиќ и додаде дека во моментов има значително поголем број партии кои не сакаат никакво присуство на странски фактори.

„Но, секако, бидејќи сме на европски пат, партијата, која ја водам веќе некое време, ќе учествува и во овој втор дел, и тие ќе разговараат со претставници на ЕУ и неколку политички партии кои ги бојкотираа изборите “, рече Вучиќ.

Вучиќ, исто така, тврди дека дел од опозицијата не ги бојкотираше парламентарните избори во јуни минатата година, заради изборните услови, туку затоа што тие знаеја „дека народот не ги сака“.

„За мене дијалогот е важен сам по себе и сигурен сум дека ќе има некои договори, барем со некои луѓе, за воспоставување на долгорочни услови (за изборите)“, рече Вучиќ.Втората фаза од меѓупартискиот дијалог за изборните услови во Србија, со посредство на претставници на Европскиот парламент, беше започната на 1 март со видео конференција со која претседаваше Дејвид Мекалистер, претседател на Комисијата за надворешна политика на Европскиот парламент и Ивица Дачиќ, претседател на српскиот парламент. Европратениците и учесниците во меѓупартискиот дијалог со српскиот парламент, Владимир Билчиќ, Тања Фајон и поранешните пратеници Кнут Флекенштајн и Едуард Кукан, во вторникот (30-ти март) објавија дека ги завршиле внатрешните подготовки за фазата на консултации за меѓупартиски дијалог.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.