Вучиќ: Ме прислушуваат „домашните“, тоа е обид за државен удар

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека знае дека бил прислушуван, „дека работеле домашните, а надлежните органи ќе утврдат дали се поврзани со странци“, истакнувајќи дека прислушувањето на претседателот е директен обид за државен удар, пренесува Н1
Има само една мета, тоа е Александар Вучиќ и сите што се осмелуваат јавно да го поддржат“, рече Вучиќ за ТВ Пинк и посочи дека од 2014 година трае кампања во која од неговото семејство се обидува да се направи копија на семејството на Слободан Милошевиќ.
„Сето тоа е засновано на апсолутни лаги – тие почнаа со приказни дека мојот брат е сопственик на ресторанот Франш, дека поседува хектари земја во Војводина, а потоа почнаа со постариот син“, потсети тој.
„Срцето ме боли за она што им го направив на Данило и Милица, што се занимавам со политика, што станаа мета на службите“, рече Вучиќ, кој тврди дека неговиот син Данило го следеле луѓе од полицијата и го пријавувале во одредени служби.