ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Вучиќ: Курти почна да се занимава со кадровски прашања во Белград

Српскиот претседател Александар Вучиќ, коментирајќи ги денеска трите принципи за дијалог со Белград на кандидатот за косовски премиер Албин Кутри, дека не го сака Вучиќ на преговарачка маса, изјави дека со ова Курти почнал да се занимава со кадровска политика во Белград.

– Дека не сака да ме види спроти себе, тоа е во ред. Добро е што почна со решавање на кадровски прашања и кој ќе ја предводи нашата делегација во дијалогот, истакна иронично Вучиќ.

Тој оцени дека е добро Албанците да и кажат на целата меѓународна заедница дека тие одлучуваат кој ќе преговара во име на Белград.

Претходно Вучиќ, изјавата на Курти ја поврза со актуелната состојба во Србија.

– Бидејќи против мене се води кампања како голем предавник и таа кампања е иста како и овде. Сè што ми прават овде, истото го прават и во Приштина. Има само една цел за нив и случајно тоа сум јас, никого друг не споменуваат, рече Вучиќ.

Тој оцени дека Курти има проблем како да се справи со него по заканите што ги изрекол за неговата малолетна ќерка.

– Тој се грижи за тоа како ќе му одговорам, тој голем херој, кој ги навредува женските деца. Затоа не е сигурен како би изгледала таа средба, додаде тој.

Кандидатот за премиер на Косово, Албин Курти, на собирот „Балкански дијалози” во Берлин, како прв принцип наведе дека „нема разговор меѓу косовскиот претседател и претседателот на Србија и дека не го сака претседателот Вучиќ на преговарачката маса, како втор принцип наведе дека „нема разговори за косовската територија” и трет „дека нема разговор за мапите”.

Во врска со најновиот косовско-српски судир околу вистината за масакрот во Рачак, Вучиќ повтори дека „тоа е неспорен фалсификат.”

– Наводниот масакр на цивили во селото Рачак е фалсификат смислен да ја оправда агресијата против Србија и за тоа има докази, повтори Вучиќ, додавајќи дека овој случај, конкретно кривичната пријава на Приштина против него за таквата изјава, „укажува на нашите слабости, затоа што не сме како Албанците секогаш подготвени да ги браниме националните и државните интереси”.

Тој потсети дека постојат докази дека во Рачак се нема случено она како што Албанците тоа го претставуваат.

– Вие ги имате нивните воени извештаи под број 198 дека лекарите заминале во Рачак да им помагнат на припадниците на ОВК, а ако сте ОВК, тогаш не сте невини цивили, објасни Вучиќ.

Тој исто така потсети дека Судскиот совет во Хашкиот трибунал, на кој тие се повикуваат, побарал од обвинителот да не изведува докази во три случаи: Рачак, Паладиште и Дубрава, бидејќи беше јасно дека тука не може да добијат ништо.

Вучиќ исто така рече дека не е изненаден од изјавите на Вилијам Вокер за „Голема Албанија”.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.