Вучиќ: Косово е германско чедо, не очекувајте да одат против своето дете
Српскиот претседател Александар Вучиќ нагласува дека Косово ја има целосно поддршката на Германија и не може да се очекува Берлин да застане на страната на Србија за време на преговорите.
Косово е германско чедо и ние немаме многу простор. Ги нишаа во колевката и потрошија десет години да го одгледаат и нема сега да одат против своето чедо. Нашата позиција од една страна е тешка а од друга ние немаме за што да се двоумиме.. Бидете сигурни дека нема да се согласам на тоа тие да ги укинат таксите а ние да ја признаме независноста, иако Американците тоа го сакаат. Сто пати ќе повторам, на тоа не прифаќам – јасен е српскиот претседател.
Ве молиме следете не и стискајте лајк: