Вучиќ: И Трамп да ме повика лично, нема да преговарам додека не се повлечат таксите
Српскиот претседател Александар Вучиќ изрази подготвеност да распише нови избори кога и да посака опозицијата. Тој истовремено порача дека со воведувањето на новите мерки на Приштина, паѓаат во вода сите лаги на косовските политичари.
„Не постои таква сила во светот и таков човек во светот, кој ќе ме натера да зборувам за што било, додека не се повлечат таксите, дури и самиот Трамп да ме повика лично“, изјави Вучиќ и додаде дека косовската страна кога и да каже дека е блиску до некое решение, преземаат офанзивна мерка.
Тој истакна дека Тачи и Харадинај сé што прават го прават координирано.
„Еден патува низ светот и вели дека не се согласува со таксите, а ден потоа неговите луѓе гласаат за воведување такси“, рече Вучиќ.