ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Вучиќ и Брнабиќ ги пополнуваат ресорите: Кои се новите министри во Владата на Србија?

Нови луѓе доаѓаат во владата на премиерката Ана Брнабиќ: Боровчанин е во игра за ресорот спорт, Маја Гојковиќ ќе биде министерка за култура, Вулин министер за полиција, а Маја Поповиќ е веќе видена во Министерството за правда, соопштуваат српските медиуми.

Списокот со имињата на идните министри е сè уште отворен, но сигурно е дека покрај ставањето министри во одредени ресори, во владата ќе има места за нови луѓе.

Лидерот на СНС и претседател на Србија Александар Вучиќ открил дека Небојша Стефановиќ ќе биде во системот за безбедност, а се претпоставува дека тоа ќе биде ресорот одбрана. Според српските медиуми, Александар Вулин и Небојша Стефановиќ најверојатно ќе ги ротираат досегашните ресори, така што лидерот на Социјалистичкото движење ќе ја преземе полицијата, а потпретседателот на „прогресивците“ ќе ја води одбраната.

Според информациите, генералниот секретар на Претседателството на Србија и поранешниот министер за правда, Никола Селаковиќ ќе се врати на „Немањина 11“, како министер за надворешни работи, на местото на Ивица Дачиќ, кој, за изненадување на сите, ќе биде претседател на Собранието.

Најсериозна кандидатка за нов министер за енергетика и рударство е Зорана Михајловиќ, која досега го водела ресорот градежништво и инфраструктура и ова всушност би било нејзино враќање во енергетскиот сектор.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.