Вучиќ за нацрт-резолуцијата на ЕП и извештајот на „Фридом хаус“: Да воведевме санкции за Русија ќе бевме најдобри
Дали таквиот став ни носи проблеми? Нема сомнеж, многу проблеми, од финансиски инвеститори до многу други. Нема сомнеж дека плаќаме многу висока цена, рече Вучиќ на прес-конференција во Белград
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека Србија е единствената земја во Европа која не вовела никакви рестриктивни мерки против Руската Федерација и дека тоа, како што рече „нема сомнеж“ дека ѝ создава многу проблеми.
„Дали таквиот став ни носи проблеми? Нема сомнеж, многу проблеми, од финансиски инвеститори до многу други. Нема сомнеж дека плаќаме многу висока цена“, рече Вучиќ на прес-конференција во Белград, на која ги спомена нацрт резолуцијата на ЕП и извештајот на „Фридом хаус“.https://tas-mk.toboads.com/ads.php?b=1&rq=04de1933-c9b6-e17d-c93f-63a2974ad6c5&vt=9db4e9cf-536a-41f3-8d26-52f61fed1934&isf=false&zn=eed7d92b6&tm=0&af=870×0&fv=undefined&nw=0&co=1&vh=657&vw=1366&asc=1&srf=https%3A%2F%2F360stepeni.mk%2Fvuchik-za-natsrt-rezolutsijata-na-ep-i-izveshtajot-na-fridom-haus-da-vovedevme-sanktsii-za-rusija-ke-bevme-najdobri%2F&loc=eq-srf&rn=37c650f3-ec8d-c73d-2501-5ea3c441ce63&ct=7f78249c-38a9-5e21-f45a-f3baab0122be&c=hA_c_0_c0955e58&ah=0&L=8dbe5f3c-7f91-4c36-8beb-6d81974bd8b4&afs=undefined&sck=50fe0d2464224909d334a69cc1f4f97e60b353b6&
Осврнувајќи се на нацрт-резолуцијата на Европскиот парламент со која се повикуваат новоизбраните власти во Србија да воведат санкции кон Русија, Вучиќ рече:
„Многу ги почитуваме, страшно ни се важни, но не се лутете, многу поважни ни се граѓаните на Србија и српскиот парламент“,
рече тој.
Одговарајќи на новинарско прашање, што доколку резолуцијата биде усвоена, претседателот на Србија рече дека ќе ја земе предвид, но дека ќе се бори за интересите на нашата земја.
„Слободен човек и слободна земја не одлучуваат по ултиматуми и по силата што некој ја претставува, туку по она што го штити, а ние ја штитиме нашата земја и нашите граѓани“,
рече Вучиќ.
На прашањето да ги коментира наводите од новиот извештај на „Фридом Хаус“ дека Србија е балканска земја која заостанува во областа на демократските реформи, Вучиќ одговори со контрапрашање:
„Дали сте прочитале што пишува таму? Дали некој го прочитал освен мене? Извештајот на ‘Фридом Хаус’ изгледа како да го напишал некој понизок функционер од коалицијата ‘Мораме’. Да воведовме санкции кон Руската Федерација, ќе бевме најдобрата демократија во светот, ќе скокневме 713 места, иако нема толку многу земји во светот“,
рече Вучиќ.
Тој додаде дека извештајот на Фридом Хаус е „една од алките во синџирот на притисок врз слободните и суштински демократски земји“.