ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Вучиќ за вакцината: Богатите нè оставија да потонеме со Титаник (ВИДЕО)

Српскиот претседател Александар Вучиќ сними и објави видео во кое порача дека се борат за вакцини за граѓаните на Србија во услови на големи проблеми со испораката на вакцините и соопшти дека утрово во Србија пристигнале уште 10.000 нови вакцини против коронавирус.

„Од рана зора трае борбата за вакцини, за секоја вакцина, за секој граѓанин на нашата Србија. Многу состаноци, многу тешки разговори. Светот денес е како Титаник, богатите се обидоа да обезбедат чамци за спасување само за себе. Богатите и големите. А нас останатите да нè остават без ништо, да потонеме заедно со Титаник. Ние сме жилав народ, ќе се бориме за опстанок. Ќе се бориме за животот на Србија и за нашиот опстанок. Затоа сакам да ве информирам дека утрово добивме, во наша сопственост, овде во Белград, уште 10.000 нови вакцини. И ќе успееме да победиме заедно. Да живее Србија“, рече Вучиќ во видео објава на неговиот профил на Инстаграм.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.