ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Вучиќ го потврди присуството на рускиот одбранбен систем С-400 во Србија

Рускиот ракетен систем С-400 и Панцир-С учествуваат на српско-руската воена вежба „Словенски штит 2019“, потврди српскиот претседател Александар Вучиќ.

„С-400 е во земјата поради оваа вежба и утре ќе одам да го видам директно. Во сабота одам да го видам Панцир-С. Ние нарачавме Панцир-С“, изјави денеска Вучиќ одговорајќи на новинарски прашања на свеченост на доаѓање на товарен воз од Кина во Белград.

Претходно Руското Министерството за одбрана соопшти дека со Србија спроведуваат заеднички воени вежбии, односно дека Русија испратила дивизион на ракетниот систем С-400 и батерија на системот Панцир-С, а дека противракетните системи се распоредени во базата Батајница. Ова е прв пат противракетните системи С-400 и Панцир-С да се појават во воени вежби надвор од Русија, велат од Министерството.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.