Вучиќ го отвори гасоводот „Турски тек“
Српскиот претседател Александар Вучиќ утрово го отвори новиот гасовод кој низ Србија поминува од бугарската до унгарската граница.
„Ова за нас е голема и важна работа. Досега грешевме што скапо наплаќавме приклучок па луѓето користеа цврсти горива наместо гас кој е почист“ изјави Вучиќ и додаде дека гасот со секундарна мрежа треба да стигне до многу места ширум Србија.
Како што известувааат српските медиуми набавната цена на гасот преку овој гасовод е до 155 долари, со многу пониски трошоци за транспорт отколку преку другиот гасовод преку кој досега се снабдуваат.
Гасоводот „Турски поток“, чиј дел е магистралниот гасовод преку Србија, е проект на рускиот „Газпром“ и турскиот „Боташ“, кој би требало да овозможи стабилно снабдување со гас на Турција, јужна и југоисточна Европа, а долг е вкупно 930 километри, со капацитет од 31,5 милијарди кубни метри гас годишно.