ВРЕДИ: Пропадна планот за дестабилизација на тројката Левица-СДСМ-ДУИ
Синоќа, со големата поддршка која ја доби претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, уште еднаш се докажа дека владејачкото мнозинство е стабилно и нема никакви знаци на колебање, стои во соопштението на ВРЕДИ/ВЛЕН.Покрај тоа, оваа интерпелација го изнесе на површина и новиот
коалиционен блок за дестабилизација на државата, Левица-СДСМ-ДУИ.
Всушност, Левица е само врвот на ледениот брег и портпарол на еден поголем проект на оваа тројка, кој има за цел дестабилизација на
државата. Како што и самите претходно изјавија, а сега веќе и се докажува на дело, иницијативата за интерпелација, со толку меѓуетничка и меѓурелигиска говорна омраза, зборува за координација и соработка меѓу оваа тројка во плановите за дестабилизација и предизвикување на тензии, зошто да не и меѓуетнички инциденти во Северна Македонија.Сепак, оваа интерпелација беше уште една причина за хомогенизација на
коалицијата ВЛЕН, но и на владејачката коалиција, докажувајќи стабилност и цврстина наспроти мрачните планови кои се кројат во анти-НАТО и анти-ЕУ кујни.
И покрај намерата на интерпелацијата да предизвика забуна и дестабилизација, таа повеќе придонесе за освестување на владејачкото
мнозинство и за внатрешна кохезија, докажувајќи дека овие иницијативи се осудени на неуспех.Во оваа прилика изјавуваме дека коалицијата ВЛЕН, во соработка со меѓународните сојузници, нема да дозволи овие дестабилизирачки проекти да се реализираат и да го оштетат стратешкиот евроатлантски правец на Северна Македонија“, стои во соопштението ВРЕДИ/ВЛЕН.