ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Во Франција суспендирани околу 3.000 здравствени работници кои не се вакцинирани

Еден ден откако во Франција е донесен законот за задолжителна вакцинација на здравствени работници и вработени во дом за стари лица, околу 3.000 здравствени работници кои не се вакцинирани против COVID-19 се суспендирани, изјави министерот за здравство Оливие Веран.

Владата на претседателот Емануел Макрон го наметна ова правило за да го зголеми процентот на вакцинација и да спречи нов бран на заразени во есен.

„Повеќето суспензии се привремени. Многу работници веќе се одлучија да се вакцинираат бидејќи вакцинацијата на здравствените работници стана задолжителна“, изјави Веран за RTL.

Според локалниот весник Nice Matin, дури 450 здравствени работници се суспендирани во болницата во Ница, на југот на Франција.

Please follow and like us:
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.