Во Србија 6.254 новозаразени, починале 30 лица
![](https://edo.com.mk/wp-content/uploads/2020/10/slovenija-korona.jpg)
Во последните 24 часа во Србија починале 30 лица, а потврдени се уште 6.254 нови случаи на Ковид-19.
Тестирани се 19.301 лица.
На респиратори во болниците се наоѓаат 192 пациенти.
Моментално во таа земја се хоспитализирани 5.803 лица поради зараза со коронавирус.
Вкупно до денес во Србија се регистрирани 110.351 случаи на Ковид-19. Во таа земја се направени вкупно 1.593.281 тестови.
Најголем број на починати од последиците на Ковид 19 е забележан денес, дури 30, со што бројот на жртвите од таа зараза во Србија изнесува 1.140 лица, пренесе „Б92“.
Ве молиме следете не и стискајте лајк: