Во Србија продолжуваат блокадите против проектот „Рио Тинто“

Блокадите се реакција на ставот на претседателот Вучиќ оти проектот „Рио Тинто“ нема да биде стопиран. Претседателот Александар Вучиќ, пак, изјави дека не гледа поента во денешните блокади и дека „државата си ја завршила својата работа и ги усвоила сите барања“
Српските еколошки здруженија денеска повторно излегоа на тричасовна блокада на патиштата на повеќе локации низ земјата протестирајќи против проектот „Рио Тинто“ пренесува РСЕ, а очекуваат претседателот Вучиќ и Владата да ја послушаат волјата на народот за повлекување на проектот.
Блокадите се реакција на ставот на претседателот Александар Вучиќ оти проектот „Рио Тинто“ нема да биде стопиран, а предвидува изградба на рудник за ископување литиум во областа Јадар кај градот Лозница.
Претседателот Александар Вучиќ, пак, изјави дека не гледа поента во денешните блокади и дека „државата си ја завршила својата работа и ги усвоила сите барања“.
„Што се однесува до „Рио Тинто“ нема да има никави нови акции во иднина сè додека ние меѓусебе не разговараме околу тоа“
рече Вучиќ.
Тој додаде дека е рано да се зборува на таа тема поради тоа што државата сè уште не ја добила студијата за проценка на влијанието врз животната средина.
„Рио Сава Експлорејшн“, ќерка на британско-австрискиот гигант „Рио Тинто“ кој планира експлоатација на литиум во Србија, на 23 декември соопшти дека планира да го стопира проектот за ископување литиум.
Претходно, Собранието на градот Лозница донесе одлука за повлекување на просторниот план на градот со кој беше предвидена изградба на рудникот за ископување на литиум од компанијата „Рио Тинто“.
Најавата за изградба на рудник за ископување на литиум од компанијата „Рио Тинто“, законот за експропријација и измените за законот за референдум беа причините кои покренаа масовни протести ширум Србија изминатиот период.