ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Во Словенија над 1.100 новозаразени и 24 починати, но забавува ширењето на коронавирусот

Во Словенија во последното деноноќие со изведени 4.587 тестови потврдени се 1.176 нови зарази со коронавирусот, а починале 24 пациенти како последица од компликациите кои ги предизвикува Covid-19, објави во вторникот словенечката влада, а податоците покажуваат дека и покрај растот на бројот на случаите на заразата забавува брзината на ширењето на вирусот.

Во понеделникот беше објавено за 557 новозаразени, но со далеку помалку спроведени тестирања, и за 25 починати. Бројот на вкупно потврдените зарази од почетокот на епидемијата надмина 36.000, а активни во моментов се повеќе од 23.000 случаи.

Во словеничките болници во вторникот има 925 ковид пациенти, од кои 146 се на одделите за интензивна нега, според податоците на министерството за здравство.

Уделот на заразените меѓу тестираната популација во последните 24 часа изнесува 25,6 отсто, а податоците од последните две седмици укажуваат дека бројот на новите зарази и натаму расте, но не со претходното темпо, што охрабрува, рече на прес-конференцијата портпаролот на словенечката влада за кризата со коронвирусот, Јелко Кацин.

Додаде дека постепено се намалува и процентот на заразените меѓу тестираните, но ова поради промената на протоколите за тоа кој примарно ќе биде тестиран може да биде и залажувачки податок. Вистинскиот индикатор на состојбата оттаму е исполнетоста на капицетите во болниците кои се под голем притисок, појасни Кацин

Изрази и загриженост од растот на бројот на починатите кои последните денови се движи околу 30 на дневна основа, па вупниот број починати од почетокот на епидемијата во Словенија се зголеми на 412 луѓе.

Како што објасни за Словенечката телевизија Бојана Беович, шефица на стручниот тим за Covid-19, поради промената во протоколот за упатување на граѓаните на тестирање, сега во врска со идниот развој на епидемијата повеќе од самите бројки на новите коронаинфекции поважен е бројот и динамиката на порастот на хоспитализациите, особено на одделите за интензивна нега.

„Заболените од оваа болест во болниците навистина ги има многу, тоа не можеме да го споредиме со ништо со што ние кои со децении работиме во медицината сме се среќавале“, рече Беович.

Според податоците од понеделникот, во Словенија имало 869 хоспитализирање, од кои 135 на интензивна нега, а се очекува дека овие бројки ќе се зголемуваат уште извесен период,

Се размислува и за воведување во Словенија на ткн антигенски тестови, за кои се смета дека не се толку сигурни кога станува збор за резултатите, но ќе бидат широко достапни и тоа е потенцијален начин вториот бран од епидемијата да биде ставен под контрола, додаде Беович.

Словенечките медиуми во вторникот пренесуваат дека во теко е реорганизација на болнциите во согласност со очеквуањатоа дека бројот на хоспитализациите и натаму ќе се зголемува, но се чувствува голем недостиг од медицински кадар.

Во љубљанскиот Универзитетот клинички центар оценуваат дека во овој момент поради подолгите боледувања, породилните отсуства и изолации поради коронавирусот, им недостигаат околу 400 медицински сестри, а почнуваат со организирање на тридневни курсеви за волонтери од Црвениот крст, за да се обезбеди дополнителен кадар. Доброволци се анагажираат и во домовите за стари лица, каде што ситуацијата со заразите и недостигот од кадар, исто така, е критична, според медиумите.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.