ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Во Словенија во иднина ќе може да се имунизира само со овие две вакцини!

Во иднина, имунизацијата на населението против Ковид-19 во Словенија ќе се извршува со mRNA вакцини (Фајзер/Бионтех и со Модерна), а со векторска (Астра Зенека и Џонсон и Џонсон) само во исклучителни случаи, односно по лично барање, потврди министерот за здравство на таа држава Јанез Поклукар.

Ова го препорачаа група медицински експерти откако девојка неодамна почина помалку од две недели по вакцинација со Џoнсон и Џoнсон.

Поклукар на прес -конференција рече дека векторските вакцини ќе бидат достапни само за лица кои имаат контраиндикација за вакцинација со mRNA вакцини или на експлицитна желба да добијат доза од векторската вакцина.

Експертите, исто така, и сугерираа на владата да користи вакцина „Фајзер“ за млади под 30-годишна возраст, поради новите податоци за ризикот од развој на воспаление на срцевиот мускул по примањето вакцина на Модерна.

Please follow and like us:
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.