Во Скопје загадувањето на високо ниво, мерки засега во Струмица
Со 1, 5 милиони евра владата ќе се бори против аерозагадувањето односно за поквалитетен воздух. 2019 година министерството за животна средина ја прогласи за клучна во борбата со аерозагадувањето. Во меѓувреме Македонија и Скопје редовно руши рекорди во европски ис ветски рамки по однос на аерозагадување. Локалната и централната власт најчесто смируваат со краткорочни мерки кои најчесто траат два дена. Во струмица од вчера на сила се препораките и мерките против загадувањето а истите стапија во сила и во Тетово. Во Скопје, Министерството за животна средина чека да се надмине прагот на ПМ 10 честичките за да се активираат. Таткото на градот Скопје вели дека прават напори за намалување на аерозагадувањето но потенцира ефектите ќе сe почувствуваат на подолг временски период.
„Проблемот со аерозагадувањето е проблем во којшто не може да се бараат институциите да бидат решавачи. Тие треба да предводат со мерките кои ги преземаат. Само градот Скоипје како институција во интервентниот дел има преземено 27 мерки кои претходната градска администрација не ги преземала.“ – изјави Петре Шилегов – градоначалник на Град Скопје.
Владата усвои план за чист воздух, но државните ревизори укажуваат на неспроведување на законите и немање на капацитет на институциите за решавање на проблемот. Во последниот извештај државниот завод за ревизија укажува дека институциите на централно и локално ниво немаат капацитет за справување со проблемот со загадувањето на воздухот во однос на кадар и финансии. Претходната година наместо за еколошки проекти 160 000 евра државни пари министерството за животна средина ги пренамени за референдумот. Граѓанската иницијатива О2 за чист воздух остро реагираше на ваквата одлука со образложение дека надлежното министерство носи одлуки кои го загрозуваат здравјето на граѓаните.