ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

ВО САД ДВОЈНО СЕ ЗГОЛЕМУВААТ КАЗНИТЕ ЗА НЕНОСЕЊЕ МАСКА

Американскиот претседател Џо Бајден го претстави планот за натамошна борба против пандемијата на коронавирус. Планот предвидува построги казни за оние кои одбиваат да носат маски во јавниот превоз и висината на казната двојно е зголемена.

При првиот прекршок, сторителот ќе биде казнет со 500 долари, а вториот пат казната може да биде до 3.000 долари. Бајден објави дека потпишал укази за задолжителна вакцинација на сите државни службеници и вработени во американската федерална администрација. 

„Мојата порака до невакцинираните Американци е: што друго можете да очекувате, што друго треба да видите? Ние ја направивме вакцинацијата бесплатна, безбедна и удобна.“ – изјави Бајден.

Учениците во Лос Анџелес на возраст над 12 години мора да бидат вакцинирани против коронавирус пред да се вратат на училиште следната година по зимскиот распуст. Учениците кои нема да покажат потврда за вакцинација, ќе им биде забрането да посетуваат настава во училниците по завршувањето на зимскиот распуст на 11 јануари.  Вработените пак во државната служба во Словенија мора да се вакцинираат или да покажат потврда дека прележале Ковид-19, во спротивно нема да можат да работат со странки.

Решенија за принуден, неплатен одмор досега добиле над 5 илјади невакцинирани вработени во здравството во Грција.  Данците ги отфрлија сите ограничувачки мерки воведени поради вирусот корона, вклучително и специјалните пасоши за ковид кои беа задолжителни за влез во ноќни клубови.

Европската агенција за лекови (ЕМА) соопшти дека варијантата на коронавирусот позната како „Ми“ може да биде причина за загриженост, иако сe уште нема докази дека ќе го надмине во моментот доминантниот делта сој.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.