ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Во пресрет на утрешниот бојкот на маркетите, ги споредивме цените на производите со тие од пред три години

„360 степени“ на социјалните мрежи ги најде летоците од три маркети, каде што може да се видат некои од основните прехранбени производи и цената по која се продавале во текот на 2022 година. За споредба бевме сега во истите три маркети и ги евидентиравме цените на производите по кои се продаваат сегаБојкот за маркетите“. „Попусто попусти кога цените се исти“. Ова се паролите што деновиве се појавуваат во јавноста и на социјалните мрежи, со кои се повикуваат граѓаните утре да не пазарат во маркетите поради високите цени на основните прехранбени производи.

Најавата за бојкот на маркетите дојде откако се појавија вести за слични граѓански акции во регионот – во Хрватска, Босна и во други држави. Како реакција, пак, еден поголем синџир маркети најави акција со попусти што почнува на денот на бојкотот.

Најавата за бојкот наиде на оправдување кај целата јавност, а поддршка доби од политичките партии и од власта и од опозицијата.

Според последните податоци од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), синдикалната минимална кошничка овој месец изнесува 63 252 денари, што, споредено со таа од декември 2024 година, е зголемена за 391 денар. На четиричлено семејство овој месец за храна и пијалаци му биле потребни 23 198 денари.

За споредба, во јануари 2022 година вредноста на синдикалната минимална кошница изнесувала 35 811 денари, а од таа сума на храна и пијалаци отпаѓаат 15 317 денари.

Синдикалните кошнички ги споредивме и од декември 2024 година и истиот месец во 2022 година.

Во декември 2024 година синдикалната минимална кошничка изнесува 62 861 денари. Најмногу пари, 23 075 денари биле потребни за храна и пијалаци. Споредено со вредноста на синдикалната минимална кошница од претходниот месец, која изнесува 62 021 денари, е зголемена за 840 денари.

Но, ако се земе вредноста на синдикалната минимална кошница од истиот месец во 2022 година, може да се забележи дека лани во декември биле потребни 27 050 денари повеќе отколку пред две години.

Во декември 2022 година за храна и пијалаци на едно четиричлено семејство му биле потребни 15 317 денари, покажува синдикалната минимална кошничка на ССМ. Ова, споредено со декември лани, значи дека биле потребни 7 758 денари помалку за храна и пијалаци.

„360 степени“ на социјалните мрежи ги најде летоците од три маркети каде што може да се видат некои од основните прехранбени производи и цената по која се продавале во текот на 2022 година. За споредба, сега бевме во истите три маркети и ги евидентиравме цените на производите по кои се продаваат сега.

Кај некои од производите што ги споредивме забележлива е мала разлика во цената, но кај одредени поскапувањето е и за речиси 50 отсто.

Во еден од маркетите, јогурт што во јануари 2022 година се продавал по цена од 46 денар, сега чини 62 денари.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.