Во Париз одбележување 100 години од крајот на Првата светска војна
Трагите од Првата светска војна никогаш не се избришани. Има закана дека историјата ке се повтори. Светските лидери заеднички да работат на светскиот мир повика Макрон на 100 годишнината од крајот на војната и потпишувањето на примирјето.
-Трагите од војната никогаш не се избришани. Има закана дека историјата ќе се повтори, некогашните демони повторно се будат. Нови идеологии манипулираат со верите , се заканува историјата дека пак ќе тргне по трагичен тек . На нашите деца мора да им оставиме свет за кој сонуваа генерации, Да живее мирот, да живеат слободните земји, да живее Франција, истакна Макрон
Повеке од 70 претседатели и премиери од земји победнички и поразени во Првата светска војна се собраа во Париз заеднички да го одбележат крајот на четиригодината војна која почна во 1914 година и во која загинаа 9,7 милиони војници и приближно толку цивили.
Прославата се оддржа на дождливо време пред Триумфалната капија, каде што е погребан непознат загинат војник во војната. Наместо точно во 11 часот, прославата почна со мало задоцнување поради доцнењето на Трамп и Путин.
Додека конвојот на американскиот претседател се движеше кон Триумфалната капија полуразголена жена со натпис лажен миротврец истрча кон поворката. Трамп се најде на мета на критики и на социјланите мрежи отккао поради дождот не ги посети американските гробишта во ФРанција.
На свеченоста присуствуваше и македонскиот претседател Горѓе Иванов.