Во несреќата кај Лесковец тројца загинати, 32 повредени, 4 патници во критична состојба
Патниците од Битола за Виена, своето патување несреќно го завршија во Лесковец соседна Србија.
Автобусот на компанијата „Еуробус“ од Струга тргнал вчера вечер во 19 часот од Битола и се упатил кон соседна Србија, каде се случила несреќата. Во 1.40 часот на влезот на градот Лесковец се превртел автобусот.
Според снимките од јужниот дел од Србија, синоќа овде имало големи врнежи од леден дожд, што преминал во врнежи од снег, а патот бил замрзнат. Според првичните информации автобусот се излигал, по што излетал од патот ја прбил заштитната ограда и се превртел.
По пријавата на несреќата брзата помош и противпожарната служба од под автобусот извадиле три безживотни тела на маж и две жени. 32- ца завршиле во болниците во Лесковец и Ниш. 4ца од повредните се во животозагрозувачка состојба со повреди на главата, градниот кош и рбетниот столб. Двајцата возачи не се повредени и се под истрага.
Според изјавите на полесно поврдените пациенти, скоро сите спиеле во автобуост и силното викање и ударот ги разбудило, потврдуваат докторите од лесковачката болница, за примените пациенти кои се уште се во шок.
Автопатот кај Лесковец е чист, автобусот стои покрај патот и сведочи за трагедијата што ја доживеа патниците од Македонија. Истрагата треба точно да покаже што навистина се случило која била причината за автобуската несреќа. Во посета на повредените се тргнати и министрите за здравство Венко Филипче и генералниот секретар на владата Драги Рашковски.