Во немири во Идлиб загинаа 15 лица
Најмалку 15 лица загинаа денеска во судири меѓу сириските владини сили и џихадистичките бунтовници во провинцијата Идлиб, неколку часа по стапувањето во сила на руско-турското примирје, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права.
Опсерваторијата соопшти дека имало судири во регионот Џабал ал-Зави, пренесе „Ројтерс“.
Загинаа шестмина сириски војници и нивните сојузници, како и деветмина борци од бунтовниците Исламска партија на Туркстан, се вели во соопштението на Сириската опсерваторија за човекови права.
Ве молиме следете не и стискајте лајк: