Во МЕПСО се отвори работно место и за сестрата на министерот Бектеши
![](https://edo.com.mk/wp-content/uploads/2019/01/Mepso-4.jpg)
![](https://www.mkd.mk/files/styles/statija-shiroka/public/article/2018/12/25/mkd-403306.jpg?itok=P-TQWIHy)
Во одговорот на компанијата се вели дека министерот Бектеши нема законски овластувања да вработува во МЕПСО, ниту pak како министер може да влијае од причина што основач на МЕПСО е Владата, а единствен акционер е Министерството за транспорт и врски.
„Влорa Бектеши е вработена во МЕПСО лани во Секторот за правни и општи работи како референт, на оглас на кој се пополнети 23 отворени работни позиции. Целата постапка за вработување е во согласност со Законот за работни односи, а Бектеши на местото референт е избрана меѓу тројца кандидати предложени од стручна комисија.“
Во последниов период во МЕПСО се вработени неколку лица, блиски роднини на високи функционери. Дамјан Бучковски, синот на професорот и поранешен премиер, Владо Бучковски, беше ангажиран во МЕПСО, a договорот беше прекинат на 31 декември откако медиумите напишаа за ова. Бучковски е повратник во редовите на владеачката партија СДСМ и силен поддржувач на политиките на Заев.
Од неодамна во МЕПСО работи и Фиторе Бејта Акику, ќерката на Невзат Бејта, поранешниот градоначалник на Гостивар од владеачката партија ДУИ.
Периодов во ЕЛЕМ се вработени и ќерката на претседателот на Собранието, Талат Џафери и синот на архитектот близок до власта, Мирослав Грчев. Од ЕЛЕМ тогаш ги потврдија информациите дека кадровски се засилиле со Димитар Грчев и Бесија Џафери и дека сѐ било законски.
Засега нема никаква реакција на власта за ваквите кадровски решенија по државните компании.