ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

ВО ЗЕМЈА ОД РЕГИОНОТ: Секој трет вработен ја изгубил работата

Катастрофални се податоците за невработеноста во Црна Гора. 

Во Црна Гора секој трет работник останал без работа. Од март до ноември, има зголемување на невработеноста од 11.000 лица или 31,6 проценти. Податокот го соопшти помошник-директорката во Секторот за исплата од областа на вработувањето во Бирото за вработување на Црна Гора (ЖЗ), Светлана Крговиќ. РТЦГ пренесува дека Крговиќ оценила дека состојбата на пазарот на трудот е неизвесна и дека статистичките податоци не се охрабрувачки. Таа вели дека е прекинат позитивниот тренд на намалување на невработеноста, кој е регистриран од декември 2017 година.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.