ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Во еден правец 160 денари за патарини: Ќе се градат две нови од Скопје до Штип

Следниот месец почнува изградбата на двете нови патарини на автопатот Скопје Штип. Едната патарина е во Преод, а другата во Кадрифаково. Со изградбата патувањето ќе поскапи за 120 денари затоа што патарината кај Преод ќе чини 50 денари, а кај Кадрифаково 70 денари. Досега од Скопје до Штип се патуваше за 40 денари – сега 160 денари. 

Сител јави дека че се модернизираат и петте постоечки наплатни рампи – во Миладиновци, Глумово, Желино, Тетово и Гостивар, но од Државни патишта велат дека за сега, не се предвидени повисоки цени за овие патарини. 

Со повеќе од половина година задоцнување, избран е конзорциумот Асeлсан Жикол, кој за 12,5 милиони евра ќе ги реконструира патарините. 

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.