Во Грција потврден случај на јужноафриканскиот вид на Ковид-19
Во Грција е потврден прв случај на јужноафриканскиот сој на Ковид-19, по што грчкиот заменик министер за цивилна заштита Никос Хардељас и претседателот на Националната организација за јавно здравје Аркуменс, итно заминале во градот Солун, каде е открен случајот, јавува МИА.
Секретаријатот на цивилната заштита на Грција соопшти дека по состанок кој денеска бил одржан со епидемиолозите во земјата, било одлучено Хардељас и Аркуменс да заминат за Солун и да ја оценат ситуацијата.
Ова е прв потврден случај на јужноафриканскиот вид на коронавирусот, откако во земјата има вкупно 66 случаи на британската мутација, според податоците објавени минатата недела од Националната организација за јавно здравје.