Во болниците во цела држава има вкупно 1 045 пациенти со ковид
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирус кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1 045 и има околу 300 празни болнички кревети во ковид – центрите, соопшти Министерството за здравство.
Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 631 пациенти, додека останатите се во главниот град.Врз основа на извештаите од болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 44 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19, во Штип 57 пациенти, на инфективното одделение во Тетово има 36 пациенти, во Велес 35, а во Куманово 95 пациенти. Во ковид – центарот во Охрид има хоспитализирано 65 пациенти, во Прилеп 72, во Гостивар 35, а во Струга 36. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 61 пациент, во Кочани 19 во Кичево 20, Кавадарци 36, во Гевгелија 19 лица, а во Дебар 6 позитивни и суспектни на коронавирусот.